АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Туристите од Србија заминуваат од Охрид

Туристите од Србија заминуваат од Охрид… Неофицијално околу 5000 Срби, Новата година ја дочекаа во Охрид. Утрово центарот на Охрид е преполн со автобуси кои ги собираат патниците.  Туристите пред се млади луѓе беа сместени во приватните сместувачки капацитети.   Младите дојдоа преку туристичата агенција „Рапсоди“ , која е позната по огранизирање забави.  Оваа агенција во летните месеци работи ширум Грција.

Оваа година оваа агенција ги закупи ноќните клубови и барови каде забавите се правиле под нивно име.

Инаку имаше и турсити кои беа дојдени самостојно со автомобили и кои беа сместени во хотелските капацитеи долж ривиерата.

АГЕНЦИИТЕ НОСАТ ИНФЛУЕНСЕРИ СО МИЛИОНСКА ПУБЛИКА

Покрја туристите во Охрид агенциите од Србија донесоа и неколку инфлуенсери кои на социјалните мрежи ги следат милиони луѓе и се еден вид медиуми сами за себе. Така „поплава“ од фотографии и видеа од Охрид и забавите низ градит објави познатата инфлуенсерка Барбара  Миленковиќ која на Тик Ток има 3.5 милиони следбеници, на Инстаграм има 560 илјади, а на Јутуб ја следат скоро 300 илјади луѓе.

https://www.youtube.com/watch?v=sa0jkczO0as&ab_channel=Ohrid1%2FNews1