АктуелноОхрид

Србин со кокаин успсен во Охрид

На 31.12.2023 во 00.50 часот, во угостителски објект на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија до дрога и оружје, приведоа 31 годишен државјанин од Република Србија. Тој бил затекнат како користи кокаин и до него било пронајдено и одземено пакување со кокаин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор: ДВР Охрид