АктуелноОхрид

Кривична пријава за 42 годишен Охридѓанец – во неговиот дом полицијата пронашла марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“. При претрес во неговиот дом, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. Исто така, при претресот било констатирано дека пријавениот на лице од Охрид овозможил да користи марихуана во неговиот дом.

Извор: СВР Охрид