АктуелноОхрид

Стружанец приведен на „Гоце Делчев“, полицијата кај него пронашла бела прашкаста материја

На 25.12.2023 во 14.50 часот на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 26 годишно лице од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид