АктуелноОхрид

Вечерва традиционален новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“

Основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид вeчерва ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт.

Учениците од сите класи, поддржани од нивните ментори, ќе покажат што научиле во текот на годинава. Музичко-сценскиот перформанс годинава е инспириран од светот на Дизни.

Концертот ќе се одржи во Дијамантската сала на хотелот „Инекс” со почеток во 19:00 часот, а влезот ќе биде слободен.