Наш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) “Божиќен ден“ нова авторска песна од Александар Петрески

Среќата станува двојна, кога ќе се подели. Инспириран од темата на книгата со трите зајачиња (Drei Häschen im Weihnachtsgewimmel – mit Tannenbaum unterm Sternenhimmel, Aspasija Topalovska Petreska), дојдов до идеја да ја напишам оваа божиќна детска песна, во која e даден поглед на среќата која децата ја чувствуваат за божиќните празници или како што се вели, најубавото време во годината. Но дали секое дете исто ја чувствува таа среќа?
”На овој прекрасен ден, делиме се
божиќен ден, носи среќи две
волшебни сни, подари ги…”
Јас ја поделив среќата со Тина и таа навистина стана двојна. Со задоволство Ви ја претставувам мојата авторска песна ”Божиќен ден”. Музиката е стара оригинална идеја, која му ја свирев и пеев на син ми кога беше бебе.
Во моментот кога бев скоро на пат сам да ја довршам новата божиќна песна, сосем случајно ја открив Тина Русева, Македонка од Струмица, која живее во Германија во моја близина. Таа е огромен млад вокален талент и професионалец, кој внесе волшебство во оваа песна.
Мојата цел е да оставам препознатливост и музика која ќе трае. Посакувам што поголемо слушање и ширење позитивна и божиќна енергија.
За сите деца и за сите возрасни! Сподели ја песната за двојна среќа!

Музика, текст, аранжман, продукција и мастеринг – Александар Петрески
Главни и придружни вокали – Тина Русева и Александар Петрески
Видео продукција – Александар Петрески

https://www.youtube.com/watch?v=e5A7WEn8Y1w