Наш ИзборНаш изборОхрид

Левица поднесе иницијатива за набавка на противпожарно возило

Ја известуваме јавноста дека членот на Советот на Општина Охрид од #Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за набавка на едно противпожарно возило за обновување на возниот парк во ТППЕ – Охрид.

Сметаме дека набавката на противпожарно возило за потребите на ТППЕ е неопходно, заради обновување на возниот парк. Набавката на ново противпожарно возило во голема мерка би ги подобрило интервенциите на ТППЕ, како и условите за работа на вработените.

 

извор: Левица