Наш изборНаш ИзборОхрид

Работници на „Синохидро” добија кривични пријави за оштетување електрични кабли

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против 56 годишно лице од Народна Република Кина, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уништување или оштетување на јавни инсталации” и „несовесно работење во службата”,  како и против 62 годишно лице од Охрид, за кривично дело „несовесно работење во службата”.

„Двајцата, вработени во градежната фирма „Синохидро”, со неизвршување на своите службени должности за известување на поставена подземна инсталација на автопат во изградба, предизвикале оштетување на електрични кабли сопственост на ЕВН Македонија по што, настанал прекин на снабдувањето на електрична енергија на повеќе правни и физички лица во општина Дебрца. Со тоа, предизвикале материјална штета од околу 502 000 денари.“

 

 

СВР