Наш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: По повод годишнината од смртта на охридксиот револуционер Петар Чаулев, ќе биде отворена изложбата Лица на револуциијата

Во организација на општина Охрид на 22.12.2023 година (петок) во очи на одбележувањето на годишнината од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев, активен и влијателен учесник во делувањето на внатрешната револуционерна организација, во Спомен- куќата на Христо Узунов со почеток во 19.00 часот ќе биде отворена изложбата Лица на револуциијата : Изложба на необјавени портрети на македонски револуционери односно, Лица на револуцијата:
„Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии,1893-1934“ – изложба која одбележува и три јубилеи : 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната Македонска Револуционерна организација.
Во основата на изложбата лежи една цела ризница на ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на една цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Нивната страст за историјата и фотографијата, заедно со немилосрдната потрага по историски артефакти, кулминира со изложба која несомнено ќе остави траен белег и кај македонската и кај меѓународната публика, како и меѓу научна јавност која го проучува периодот на револуционерните движења и борбата за слобода на македонскиот народ од крајот на XIX и првата половина на XX век, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.
May be an image of 6 people and text that says 'лица на револуцилата внатрешната македонска револуционерна организацила низ фотографии 1893 -1934 изложба на диме ратајкоски и душко апостолоски спомен кука на христо узунов, 19 часот, охрид'