АктуелноОхрид

Утре на ФТУ крводарителската акција под мотото ДОНИРАЈ КРВ, ДОНИРАЈ ЖИВОТ!

Искористете го овој РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување, да ја искажете својата хуманост на крводарителската акција која под мотото ДОНИРАЈ КРВ, ДОНИРАЈ ЖИВОТ! ќе се реализира на 20.12.2023 г. (среда), од  10-14 ч. на Факултетот за туризам и угостителство, Охрид.

Ги покануваме студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид како и сите хумани луѓе во Охрид и Дебрца да учествуваат на оваа крводарителска акција.