сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Приведени три лица од Албанија кои нападнале Охриѓанец пред неговиот дом

На 19.12.2023 година, во СВР Охрид лишени од слобода се Л.Ј.(25), К.М.(34) и Х.Т.(69), сите од Република Албанија. Тие се сомничат дека, заедно со уште едно лице, на 18.12.2023 година околу 23 часот, пред куќа лоцирана на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички нападнале 31 годишен Охриѓанец кој  го познавале од порано. Тој, притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Се работи на целосно расчистување на настанот по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид