Наш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Соборен храм посветен на Св.Никола во Враништа, црква која нема свод туку дрвена таваница

Свети Никола — главна црква во селото Враништа. На денот на црковната слава во исто време е и селска слава и тука се одржува „ордија“ (панаѓур). На тој ден доаѓаат гости од соседните села и од градот. Домаќините на гостите роднини им приредуваат ручек во своите домови, додека за останатите гости се дава ручек кај самата црква.

Извори за историјата на црквата има во Кодиката, или книга на дарувања, која била водена од 1804 до 1845 година, и од два ктиторски натписи од 1868 и 1879 година. Војските на Али-паша Јанински ја разрушиле црквата во почекото на 19 век, ги зеле ќерамидите и така црквата останала три години, според изворот во Кодиката. Кодиката споменува дека црквата била обновена[3] и живописана во 1804 година, со дозвола на Абаз-бет од Дебар, кој го имал купено Враништа како свој чифлик. За обновата, Враништанци биле заложени од охридскиот владика Калиник, да собираат пари. Струшката црковна општина дала 800 гроша. Фреските ги сликал Дојчин од Росоки со својот чирак Јован од Струга. Црквата нема свод, тука има дрвена таваница.

Од фрескоживописот од Дојчин и Јован се зачувани две претстави на епископи. Тие се насликани челно на јужниот и северниот ѕид. Архиерејот на северниот ѕид е насликан како старец со седа коса и долга седа брада. Тој е прикажан со бел фелон и омофор околу вратот со евангелие во левата рака. На неговата сигнатура пишува го грчки букви „Ιγνατίος“ (се изговара Игнатиос, во превод Игнатиј) и веројатно се однесува на Игнатиј Богоносец. Од другата страна, архиерејот на јужниот ѕид е насликан како старец со кратка седа коса и кратка седа брада. Тој е прикажан со бел фелон и омофор околу вратот со затворено евангелие.

Второто фрескоживописување претставува вториот слој и е сторен 1868 година на западниот дел на црквата. На крајниот западен агол се наоѓа и (донекаде оштетениот) криторскиот натпис кој ја наведува годината и авторот Аврам Дичов. Живописот на западниот дел е завршен на 10 мај 1868 година, во времето на епитропот Косте Ристов. Родното село Тресонче на Аврам Дичов, е споменато над крајните југозападни влезни врати.

Третото сликање е повторно од Аврам Дичов кој тогаш го сликал наосот и западниот ѕид на надворешниот отворен трем од јужната страна на црквата. Сликарството ѕидовите на наосот е поделено во три зони: зона на цокле, зона на стоечки светци, и горна зона со евангелистите и сцени од циклусот на Големите празници и Христовите страдања.

Во зоната на светци на јужниот ѕид се Св. Евстатиј Плакида насликан како старед со седа коса и брада, вооружено опремен и со крст во рака. До него е Св. Виктор кој е млад и голобрад со црна коса. Тој е исто така вооружен. До Св. Виктор (кон запад) е Св. Викентиј кој ги има истите одлики како соседниот светец. После Св. Викентиј е Св. Гурија.

Црквата е еднокорабно здание. Таа е правоаголна со малку издолжен западен дел веројатно со функција на припрата, или т.н. женска црква каде во недостаток на галериски простор со катна конструкција, каде за време на богослужбата стоеле женските верници. На источниот дел е олтарот и олтарната апсида со пет агли и две помали ниши во делот на проскомидијата и ѓакониконот.[8]

Црквата е градена од камен, со делумно користење на тула и малтер. Олтарната страна се издвојува бидејќи содржи поголеми блокови варовник. Тоа наведува дека олтарната апсида и источната фасада се остатоци од постарата средновековна градба. Тремот бил веројатно затворен односно направен во година

 

 

wikipedia.org

видео: Ohrid1