АктуелноОхрид

Капитенот Челик на 40 години замина во пензија – од раководството доби плакета

Екипата на Охрид пред крајот на 2023 година остана без еден од играчите кој имаше голема улога за кревањето на атмосферата во тимот. Асим Челик реши да се повлече од активното играње.

40-годишниот кошаркар доби плакета од раководството на клубот од градот крај езерото и се повлекува од кошарката. Сепак, неговиот план не е засекогаш да остане надвор од неа, туку привремено, затоа што во иднина можно е да се врати како административец.

Асим Челик, кој е роден во 1983 година, заедно со Едис Нури од ТФТ се најискусните имиња кои беа дел од Првата македонска кошаркарска лига оваа сезона. Играчот се врати во дресот на охриѓани пред стартот на оваа сезона, по една година пауза.