Охрид

Приведени охридски дилери – и кај нив, но и во станот пронајдени пари и пакувања со бела прашкаста материја

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид синоќа во 20:10 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид  лишиле од слобода (40) и (33) годишни лица двајцата од Охрид.

Приведените биле затекнати во близина на станот кој го користеле, при што при преглед кај едниот биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со бела прашкаста материја, додека кај другиот била пронајдена и одземена поголема сума пари.

Подоцна, при претрес во станот извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени една ќеса со повеќе пакувања бела прашкаста материја, ќеса со бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.