петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

ОО СДСМ: Владата предводена од СДСМ несебично вложува и се грижи за охридското образование

Владата предводена од СДСМ несебично вложува и се грижи за охридското образование.
После градежната експанзија од претходната локална власт кога за само 4 години во сите училишта во Охрид видливи беа реконструкции, изградби и реновирања како никогаш до тогаш, сега повторно владата предводена од СДСМ поддржува се’ она што е за добробит на образовниот процес, се вели во  соопштението од ОО СДСМ Охрид.

Среќни сме што овој пат со заедничка слога и на пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата, се пренаменаа 90 милиони денари од централниот буџет за изградба на спортска сала во ООУ ,,Ванчо Николески” и изградба и адаптација на нова училишна зграда на ООУ ,,Кочо Рацин” на нова локација.

Но ова е само еден од низата на поддршки кои дражавата ги дава за охридското образование.

После неколку децении Регионалниот центар ,,Ванчо Питошески, се реконструира од темел и опслужува ученици кои секоја година се се’ побројни.
Владата и ресорното министерство финансираат во енергетско ефикасна фасада и нова дограма во основното училиште ,,Св.Наум Охридски” во с. Пештани и започнување и реконструкција на студентскиот дом ,,Никола Карев” за кој се издвоени 2 милиони евра .

Впрочем, во охридските основни и средни училишта државата и МОН во овие години уназад вложила повеќе од 7 милиони евра. Се вложува во се’ она што претставува здрава основа за правилен раст и развој на децата.

Почитувани, тоа е таа грижа на СДСМ и континуитетот на поддршка кој го покажува кон најсуптилната категорија, децата.

извор: ОО СДСМ