На 13.12.2023 во 15.30 часот на улица „11 Септември“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода лице на (54) години од Кичево.
При преглед во неговото возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 3058 парчиња пиротехнички средства, кои нелегално ги набавил.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.