АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Започнуваат подготовките за Бадниковата поворка 2024

 

Започнуваат подготовките за најновата Бадникова поворка. Како и секоја така и оваа година, очекуваме голема заинтересираност.

Подготовките ќе се одржуваат секоја сабота, и тоа од 09.12.2023 година, во спортската сала на ООУ Христо Узунов, во 13 часот.

Бадниковата поворка ќе се одржи на 06.01.2024, кога низ Охридските улици ќе се пее Вечниот Бог. За сите деца учесници предвидени се пригодни подароци.

 

Со почит:координатор на настанот,Летка Филипова