АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Проф. д-р Јордан Плевнеш е годинашен добитник на највисокото општинско признание наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за 2023 година

Земајќи го предвид предлогот на Стручната комисија и општопознатите факти за неговата голема високовредносна и величествена идеја за Охридската академија на хуманизмот, со востановување на Охридската Светиклиментова Светска награда за хуманизмот со која досега беа овенчани седумнаесет светски хуманисти – великани во своите професионални сфери, на Охрид му се даде уште една историска улога во неговата осум милениумска предисторија и историја. Наградата за хуманизам го осмислува Охрид од длабокото возбудливо историско минато , преку фактот дека Охрид во денешнината станува хуманистичко – филозофски стожерник, а аналогно на тоа Јордан Плевнеш е еден од најзаслужните такви стожери и неговите врвни долгогодишни остварувања кои се од особено значење и имаат голем придонес во развојот напредокот и севкупната афирмација на Охрид во Република Македонија и Светот, стои во објавата на градоначалникот Кирил Пецаков.