Црквата Рождество на Пресвета Богородица — црква на Првата охридска парохија во Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на Македонската православна црква. Оваа црква се наоѓа во населбата Канео и е сместена во карпа под црквата „Св. Јован Канео“.
Цркваата ,,Рождество на Пресвета Богородица“ е еднокорабна во две нивоа: едното ниво е посветено на ,,Св. Петка“ и на тоа ниво има вода, а другото ниво кое е повисоко е посветено на ,,Рождество на Пресвета Богородица“.
wikipedia.org.com