четврток, ноември 28, 2024
АктуелноМакедонијаНаш изборНаш ИзборОхрид

Кој прави анкети за рејтингот на сите бивши премиери, министри за здравство, директори на ДБК и градоначалници ? !

Анкета со која се мери рејтингот на сите бивши премиери на Македонија , од Зоран Заев па до покојниот прв премиер на независна Македонија Никола Кљусев, како и за министрите за здравство, директори на ДБК, министри за надворешни работи, економија и градоначалници на неколку градови се прават телефонски низ Македонија и во Охрид.

Напорно се поставуваат прашња од типот :

1 Кој според вас е најдобар бивш премиер на Македонија од осамостојувањето до претпоследниот Зоран Заев ?

2 Како го споредувате ( тој што сте рекле дека е нај супешен од поранешните ) со актуелниот Димтиар Ковачески ? – е второто прашање.

Потоа следуваат сет прашања за бивши министри за здравство, до директори на ДБК, министри за економија и на крај генерално се поставува прашање која била најдобра влада од осамостојувањето до денес.

Во анкетата се поставува прашање и за бивши градоначалници и тоа само за градот Скопје, и оптините Аеродром, Карпош, и Охрид.

Интересно е што во оваа анкета која се спроведува деновиве нема прашања за актуелни избрани функционери од централна и локална власт.

НА КОГО МУ ТРЕБА РЕЈТИНГ НА БИВШИ ФУНКЦИОНЕРИ  И ЗОШТО НА АНКЕТАТА ЈА НЕМА НА ПРИМЕР ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА ? !

Ваквата најблаго кажано чудна анкета отвора неколку логични прашања и тоа :

На кого му е потребно да го знае рејтингот на бивши функционери во овој момент, кога некои од нив се покојни, а на некои не можеме да се сетиме на имињата ? !

Зошто во анкетата нема прашање што мисли народот за поранешните министри за внатрешн иработи,  како на пример што мислиме за Гордана Јанкулоска а има прашање за поранешните министри за здравство и од сите кои ќе ги набројат реално ги паметиме само Никола Тодоров и Венко Филипче ?

Зошто има прашање за сите бивши премиери од осамостојувањето до Заев , а нема за сите претседатели  на Македонија ?

На кого му е гајле што мисли народот за луѓе кои се физички покојни  или политички мртви ? !