СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33 годишен Охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При контрола, извршена на 03.11.2023.година, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога го затекнале пријавениот во близина на неговиот дом во Охрид и при извршен преглед, кај него пронашле и одзеле кокаин.
извор: СВР