АктуелноОхрид

Охрид се сеќава и му оддава должна почит на познатиот доктор и уметник Драган Спасески Охридски кој почина на денешен ден

Охрид се сеќава и му оддава должна почит на познатиот доктор и уметник Драган Спасески Охридски, кој почина на денешен ден.

Спасески Охридски почина по кратко боледување, во 60-тата година од животот, во ноември 2020 година. Беше доктор специјалист по ортопедија, уметник чии дела повеќе од 30 години ги воодушевуваа љубителите на уметноста во земјава и странство, поет, кој истовремено се занимаваше со дизајн, компјутерска уметничка графика, уредување на ентериери, почитуван од охриѓани, ценет во секоја област.

Роден е во 1960 година и по професија беше доктор-специјалист, хирург ортопед.

Спасески Охридски важеше за голем презентер на македонската уметност надвор од границите на земјава.