петок, ноември 22, 2024
АктуелноОхрид

Пронајдена и одземена ловечка пушка кај лице од Ботун

На 16.11.2023 во 14.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода  лице на (41) година  од селото Ботун, општина Дебрца.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „Црвена застава“ и 15 куршуми различен калибар, кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.