АктуелноОхрид

Пронајдена и одземена марихуана кај лице од Охрид

На 16.11.2023 во 23.25 часот на улица „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа  лицето на (30) години  од Охрид затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.