АктуелноОхрид

Малолетно лице со здравствени проблеми од Струмичко пронајдено како шета само во Струга, против родителите ќе биде поднесена кривична пријава

На 16-ти ноември 2023 година, во 22:10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на улица „Ристо Крле“ во Струга бил пронајден малолетник со здравствени проблеми.

– Известени се јавен обвинител и Центар за социјални работи, по што лицето е згрижено, а по преземени мерки е констатирано дека се работи за 17-годишник од струмичкото село Банско. Остварен е контакт со неговите родители Т.М. и Ш.М. и малолетникот денеска ќе биде вратен во неговиот дом. По целосно документирање на настанот, против родителите ќе биде поднесена кривична пријава по член 200 од Кривичниот законик – „напуштање немоќно дете“, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид