четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

Обука за лични асистенти на лица со попреченост во Охрид и Дебарца

Црвен крст Охрид е овластена организација за спроведување на обуки за Лични асистенти на лица со попреченост во Охрид и Дебрца, според верификувана програма на Центар за образование на возрасните при Министерство за образование и наука на РСМ.

Со цел развивање на услугите за долготрајна помош на лицата со попреченост од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира обука за Личен асистент на лица со попреченост. Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 2 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник и дефектолог), пет дена во неделата, во период заеднички договорен.

По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен сертификат за Личен асистент на лица со попреченост и добива можност за платен, работен ангажман во Нега центарот на Црвен крст Охрид.

Заинтересираните кандидати на возраст од 18-60 години, ќе можат да добијат повеќе информации и искажат интерес за обуката со јавување на  еден од телефоните 046 261909 и 070 315309, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk  или во просториите на Црвен крст Охрид.

Конкурсот за пријавување на кандидати за обука на Личен асистент на лица со попреченост ќе биде отворен од 13.11. до 19.11.2023.

 

Црвен крст