АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Зошто во СДСМ не знаат дека зборот СТАМЕНА не е исто што и СТОМНА ? !

„ Стамена ги зела стомните, отишла на чешма шарена “ – дел од стиховите на песната „Што имала к’смет Стамена“ кои случајно или намерно предизвикале забуни во главите на некој во СДСМ Охрид.

Говор на омраза кон пратеничката Жаклина Лазареска , која била жена, мајка, баба и така натака. Вакви реакции може да се прочитаат по социјалните мрежи од како Охрид1 објави дека на Извршен во СДСМ Охрид се броеле лајкови и се констатирало дека никој од партијата не ја поддржува Жаклина Лазареска во јавните „војни“ кои сама ги води со цело ВМРО ДПМНЕ.

И нормално и очекувано за луѓе кои кариерите ги изградија со лажење други прости луѓе, веднаш се стартува со демонизирање на Охрид1 кој ширел говор на омраза кон Лазареска, притоа манипулирајќи ги наивните и неуки луѓе дека зборот СТАМЕНА бил навреда упатена кон Жаклина Лазареска, притоа свесно или не мешајќи ги зборовите СТАМЕНА и СТОМНА.

Во текстот за кој тврдат дека се шири омраза стои :

ДАЛИ ЖАКЛИНА Е СТАМЕНА СДСМОВСКА ХЕРОИНА – ЕДИНСТВЕНА ОД СДСМ ОХРИД КОЈА НЕ ОДИ ВО ВМРО НА БАЦИ РАКА И ПРАВЕЊЕ ЛИЧЕН АРАНЖМАН ЗА СПОКОЈ ПОСЛЕ ИЗБОРИ ? !

Никаде не се спомнува зборот СТОМНА и никаде не се критикува пратеничката, напротив таа се глорифицира.

Зошто некој сака малубројното преостанато членство во СДСМ Охрид да мисли дека Жаклина Лазареска на Охрид1 била нарекувана СТОМНА, кога секој елементарно писмен и секој кој знае сам да чита и има свои очи и мозок во главата, можеше да види дека и е даден епитетот СТАМЕНА, што е КОМОПЛИМЕНТ каков никој во медиумите, ниту во СДСМ никогаш не и го дал ?

СО ПРОСТИТЕ НАЈЛЕСНО СЕ ВЛАДЕЕ !

Дека со простите и при очи слепите најлесно се лаже и манипулира и се владее е познато од дамнина, па затоа изгледа никој од раководството не сака малкумината преостанати во СДСМ Охрид да прогледаат, но реално таму скоро и да нема кој да изврши просветителска мисија и да им објасни што значат зборовите СТАМЕНА и СТОМНА.

Претседателката на СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска реално можеби и сама не знае што значат овие зборови и таа би можела да ги просветли со термини кои се користат на пример во фризерски салон.

Во СДСМ Охрид имаат и лектор , тоа е директорот на библиотеката Милчо Јованоски. Тој реално е и нај вреден таму, него не го мрзи да работи,  ( но човекот има  повеќе проекти од СДСМ Охрид што собира луѓе на состаноци ) и е презафатен со реализација на проектите кои му ги финансираат од Владата ( Жаклина ) и од  Општината ( Пецаков ) , и реално колку и да е добродушен и да сака да ги просветли, едноставно не може да се „раскине“ и да ги учи во СДСМ дека зборот СТАМЕНА има друго значење од зборот СТОМНА.

Би можела и самата Жаклина да им ги објасни двата зборови. Таа е од Белчишта и сигурно во младоста одела со стомни на чешма, и многу добро знае што е СТОМНА, а што е СТАМЕНА. Но , таа веројатно нема никаков интерес да ги просветлува тие кои останаа во СДСМ Охрид, бидејќи така и одговара.

Ако се навратиме наназад на интелектуалните габарити во СДСМ кои би можеле да помогнат, секако тука е и Томислав Тунтев, кој меѓу другото е и автор на книги. Но прашање е дали Тунтев воопшто памети дека во Охрид сеуште постои општинска организација на СДСМ, а реално е и во организацијата него да не го паметат.

Во СДСМ има и други кадри кои се на фунцкии , но тие знаат дека изборите се закажани за месц мај, техничката влада доаѓа во три месеци порано, што значи имаат уште три месеци да заташкаат тоа што можат, да дособерат од парите тоа што има и да се ушалтаат некако кај ВМРО ДПМНЕ.

Љ.Т.