АктуелноОхрид

(ФОТО) Охриѓанец загина во сообраќајка кај Битола

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа во непосредна близина на битолското село Братиндол, на магистралниот пат А3 Битола-Ресен, а како што известија од СВР Битола, едно лице го загубило животот.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило марка „бмв” со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од селото Езерани,ресенско и сопатник К.Ш.(25) од село Царев Двор, ресенско и патничко возило „рено клио”со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С.(50) од Охрид и сопатничка Н.С.(55) од Охрид.

Од страна на доктор во Клиничката болница во Битола, кај лицето Г.С констатирана е смрт како последица од повредите, а кај сопатниците констатирани се повреди.