Владата, пратениците или кинескиот инвеститор? – Kој прв ќе го оконча проектот за автопатот Кичево – Охрид по 10 години изградба? – Рокот со „Сино Хидро“ истекува на Нова година, иако завршени се само 78 отсто за 600 милиони евра. Засега официјално е дека премиерот и вицепремирот најавија ревизија, односно и можно непродолжување на договорот, а Телма дознава дека кинески претставници од компанијата сакат итна средба утре по најавите на владеачката врхушка. Но, што ќе произлезе од разговорот, последната одлука ќе ја има владата, а не министерството за транспорт и врски, објави Телма.
„Ставот во однос на продолжување на изградбата на автопатот кои го најавија премиерот и првиот вицепремиер во наредниот период ќе зависи, пред сè, од одлука на владата како државата ќе продолжи со овој проект, во наредниот период,“ велат од министерството за транспорт и врски.
Од транспрот и врски за Телма велат дека сметката со кинеската „Сино хидро“ е чиста. Се што е побарано, се е исплатено во рокот или до сега околу 600 милиони евра. Но, проблемот не е во парите, туку трасата која била избрана. Изминатите неколку месеци се појавиле најмалку 11 свлечишта, а според првичните проценки е за да се санираат ќе бидат потребни нови средства, но и најмалку две години. Но, според експерите и надзорот оваа траса во небезбеден терен свесно е избрана.
Текстот во целост на: Телма.