До кога Кејот ќе биде под заложништво на екологистите? Најатрактивното шеталиште за туристи редовно има проблем и стои блокиран поради екологистите.
И при најмал јужен ветар Кејот се поплавува, а во лето истиот е претесен за сите туристи и шетачи кои сакаат да уживаат покрај Езерото.
Инаку уште во 2016 год беше најавена реконструкција на Кејот. Општина Охрид ја отпочна и постапка за реконструкција на градскиот кеј, за што од буџетот на локалната самоуправа беа издвоени околу 2 милиони евра. Но, и покрај сите напори поради здружениеја на екологисти оваа реконструкција не се реализира.
видео: Охрид 1