По повод Денот на ослободувањето на Охрид, 7-ми Ноември, ќе се одржи хуманитарен турнир во мал фудбал.
Турнирот е во организација на ЈП „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид. Ќе учествуваат 12 екипи, распоредени во 4 групи.
– Учествуваат фудбалските тимови на: ЈП „Билјанини извори“, Општина Охрид, ЈП „Охридски комуналец“, ЈП „Градски пазар“, ЈП „Водовод“, ЈП „Нискоградба“, ЕкоШпар, Костал, Магна, Жито леб-Екстра Скопско, ЛТХ Леарница и АСП-ПАК. Им се заблагодаруваме на сите тимови за учеството и поддршката на хуманитарниот турнир, велат од „Билјанини извори“.
Натпреварите ќе се одржат во спортската сала „Билјанини извори“ на 28-ми и 29-ти октомври, како и на 4-ти и 5-ти ноември 2023 година.
За најуспешните три тимови обезбедени се пехари, додека собраните средства за учество на турнирот (6.000 по тим) ќе се донираат во хуманитарни цели.
извор: ОхридПрес