АктуелноОхрид

Од вечерва почнува зимското сметање на времето – стрелките се поместуваат еден час поназад

Вечерва после полноќ ќе започне зимското сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час наназад, со што времето во 03:00 ќе се смета за 02:00 часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.