Во посета на Општина Охрид денеска беа претставници на Стопанската и индустриската комора на градот Болу од Република Турција.
– Со претседателот на Управниот одбор на комората, Абдула Алемдар и претседателот на собранието на Болу, Ајдоган Текин, разговаравме за можностите за зајакнување на соработката меѓу Охрид и Болу во повеќе општествени сфери, пред се во делот на економијата, туризмот и културата. Разговаравме и за можностите за инвестирање во туристичкиот сектор на Охридското крајбрежје и во делот на индустриската зона, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
На средбата присуствуваа и претставници на стопанскиот сектор, претставници на различни индустриски капацитети и туристички организации од Болу.