АктуелноОхрид

Донев: Со проектот за „Свињишки извори“, преку 50 % на количина на водата за пиење ќе оди по гравитационен пат, нема да се троши електрична енергија

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев на 33. седница на Советот истакна дека не треба да се прават замени на тезите дека во минатото критикувале, а сега гласаат за покачување на цените.

Кога пред пола година зборував дека цената на електрична енергија е превисока и ќе треба да гласаме покачување на цената на услугите на водата за пиење сите мислевте држам политички говор. И Регулаторна комисија во утврдување на цената не ги зема предвид сите ставки по однос на расходите, што значи можеше да има уште повисока цена на водата за пиење. Понудена е просечна цена, а не максималната дадена од Регулаторна комисија.

Донев потенцираше дека Владата ќе издвои 900 илјади евра за Општина Охрид за проект кој ќе го изготви ЈП ,,Водовод” за промена на водомерните броила.

Со овие водомерни броила, проект кој ни вети Министерката за животна средина и просторно планирање дека средствата ќе ни бидат одобрени, енормно ќе се зголеми наплатата, а ќе се намали потрошувачката на вода.

Сметам дека ова е голем чекор напред и ЈП ,,Водовод” досега толкава инвестиција немало.
Со ребалансот кој го очекуваме сите, ќе издвоиме околу 6 милиони денари како Локална самоупрва за замена на сите пумпи кои се дотраени и трошат енормна количина електрична енергија до Нова година, а од Нова година ќе изводиме 250-300 илјади евра за целосна смена на пупмената станица во Метропол, бидејќи знаете дека преку 50% од количината на водата за пиење доаѓа оттаму.

И проектот за Свињишки извори е готов, инвестиција која чини преку 6 милиони евра. Доколку овој проект се реализира преку 50 % на количина на водата за пиење ќе оди по гравитационен пат, нема да се троши електрична енергија.

6 милиони евра чини проектот за промена на сите водомерни броила, ќе се заменуваат чекор по чекор прво кај поголемите потрошувачи за да нема повторно покачување на цената на водата.
Наредната недела ќе се аплицира со проектот во МЖСПП, постапката се очекува да заврши до Нова година, во јануари да се заврши постапката во Министерство и по тоа да започнат активностите на терен.

извор: ФБ О.К. ВМРО – ДПМНЕ – ОХРИД