недела, ноември 17, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Приведени македонски и албански државјанин, затекнати при пустошење шума на Јабланица

Денеска (04.10.2023) полициски службеници на Единицата за брзо распоредување во подножјето на планинскиот врв Стрижак на планината Јабланица го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ф.Н.(41), затекнат при нелегална сеча на шума, поради што се сомничи дека сторил кривично дело „пустошење на шума“, казниво по член 226 од Кривичниот законик.
При преглед на теренот, била пронајдена и локацијата каде што исечените дрва биле складирани и подготвени за транспорт, каде бил затекнат на  лицето (50) од с.Велешта, струшко, со патничко возило „ауди“, а на местото биле пронајдени околу 25м3 дрва, багер, пили, секира и други предмети поврзани со кривичното дело.
Двете лица се приведени и ќе бидат предадени во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против нив ќе следи соодветна пријава.
MVR