АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ утре од Охрид ја започнува кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“

ВМРО-ДПМНЕ утре од Охрид ќе ја започне кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“, во рамките на која секоја недела се предвидени по две теренски посети на општини во рамките на кои ќе се сретне со голем број целни групи и граѓани, а во текот на неделата се предвидени и по две дебати во различни општини.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски во видео обраќањето по средбата со пратеничката група вели дека со кампањата воведуваат нов пристап, односно во директен контакт со граѓаните да ги слушнат нивните проблеми и врз основа на тоа потоа да ја подготват програмата за следните парламентарни избори.

– Во текот на неделата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе има по две теренски посети на општини, каде што ќе оствари средби со голем број на целни групи, како и средби со граѓани. Исто така ќе се одржат и по две дебати во текот на неделата во различни општини, велат од партијата.

Мицкоски информира дека кампањата ќе започне од Охрид со дебата со туристички работници и на која, меѓу другото, ќе се дискутира и за влијанието на сè уште недовршениот проект за автопатот Кичево-Охрид врз туризмот.