АктуелноОхрид

Забранета за пиење водата над „Јанков Камен“ во Вевчани

Поради зголемена гравитација на туристи и посетители во планинските предели на Вевчани, извршено е испитување на 4 мали изворишни места во пределот над планинарскиот дом „Јанков Камен“ .

Согласно решението ИП- I бр. 26-277 од 25.09.2023 година издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство, сектор за инспекциски надзор, подрачна единица Струга, Ве известуваме дека водата на еден од испитаните извори над планинарскиот дом не е за пиење.

Напомена: Изворот што е испитан не е поврзан со водоводната мрежа и сливот на водата не се слева во друг извор што се користи за пиење, информираат од општина Вевчани.

 

фото. Архива