АктуелноОхрид

Од денеска цените на сите зони за паркинг во Охрид со кој стопанисува , ЈП „Билјанини Извори“ ќе бидат 30 денари за час

Согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори од декември 2022 година, ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид ги известуваат граѓаните дека од денеска, 1 . октомври ќе има измена на цените на паркинг услугите кои ние ги стопанисуваат.

– Од 1 октомври цените на сите зони, вклучувајќи ја и Премиум зона, ќе изнесуваат 30 денари за секој еден час паркирање на јавно паркиралиште со кое ние стопанисуваме. За потсетување досегашните цени за користење на зона А и Б изнесуваа 40 денари за еден час паркинг додека зона Премиум 100 денари за еден час паркинг. Измената важи за период од 01.10.2023 до 31.03.2024 година, информираат од претпријатието.

Воедно испраќаат молба до сите идни корисници да пристапуваат совесно и да ги почитуваат правилата и одлуките на ЈП „Билјанини Извори“ и Советот на градот Охрид.

Фото: Архива