Со сопствени средства за ЈП „Нискоградба“ набавивме багер – натоварувач. Од страна на компанијата од каде е набавен багерот, денес, во кругот на ЈП „Нискоградба“ ни беше извршена презентација за можностите на возилото.
Вредноста на багерот изнесува околу 7 милиони денари. За споредба во минатото за потребите на јавното претпријатие се ангажираше ваква механизација која чинеше околу 3 милиони денари годишно, што значи дека со средствата кои се одвојувале за ангажирање на ваква механизација за околу 2 години, ние набавивме исти таков багер кој ќе остане во сопственост на ЈП „Нискоградба“.
Со подобрувањето на механизацијата кај ова јавно претпријатие, значително ќе се подобри и ефикасноста и експедитивноста во реализацијата на проектите, пишува во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.