АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Пецаков: Остваривме плодна работна средба со делегација од Република Полска која беше составена од владини претставници и претставници на бизнис секторот и стопанската комора

На состанокот исто така беа присутни и генералните менаџери на најголемите компании во охридскиот регион, како и претставници на туристичкиот сектор во градот и претставници на агенцијата за промоција на туризмот.

 

ја се одржа на моја иницијатива беше искористена за размена на идеи и мислења, како и понуда на конкретни соработки во повеќе области. Тука се разговараше за овозможување на услови за привлекување на полски инвеситции во делот на управување, селектирање и рециклирање на комунален и друг вид на отпад, инвестиции во енергетската област. Понатака стана збор и за директно поврзување на Општина Охрид со некои општини во Полска, преку потпишување на меморандуми за соработка од кои ќе произлезат соработки во областа на културата и образованието.
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Исто така се разговараше и за унапредување на веќе добарата соработка во областа на туризмот, пришто од страна на претставникот на агенцијата за промоција на туризмот беа презентирани бенефициите кои би ги имале полските туроператори доколку работат на македонскиот пазар.
Наша тенденција е ваквите средби да бидат чести бидејќи преку директните поврзувања произлегуваат нови идеи и инвестиции, но и се отвора патот за поголем развој на бизнисите од Охридскиот регион, напиша во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.