Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Започна целосна санација и реконструкција на црквата Св. Димитрија во Вевчани

Почитувани верници, поради појавени големи проблеми и оштетувања во Свети Димитрија за кој сите сте сведоци, Ве информираме дека започнаа работните активности со кои ќе се врши целосна санација и реконструкција на црквичето и партерно уредување на комплексот.
Инвестицијата се изведува со финансиска помош од сите Вас – верниот народ на Вевчани како и од донации на верници – секоја помош и поддршка е добредојдена.
Дај БОЖЕ Митровден да го дочекаме и прославиме во новиот Св. Димитрија – Да поможит на сите!
-информираат од Храмот Свети Никола во Вевчани.