Џудо клубот „ Дрим“ од Струга изминатиов викенд учествуваше на Меѓународниот натпревар „Трофеј пантера“ кој се одржа во Бијељина Република Српска. На турнирот учество зедоа 500 натпреварувачи од 11 земји меѓу кои и џудо клубот „Дрим“ од Струга.
Тие се закитија вкупно со осум медали од кои три златни, еден сребрен и четири бронзени.
Со медаљи се закитија:
Категорија U9
1. Мила Стојанова -34кг
Категорија U11
1. Давид Спироски -42кг
2. Елеонора Јосифоска -34
Категорија U13
1. Мила Стојмиловска -44кг
2. Елеонора Јосифоска -36кг
Категорија U15
1. Мила Стојмиловска -44 кг
Категорија Кадети
1. Анамарија Стојмиловска -48кг
1. Анамарија Стојмиловска -52кг
Одлични настапи имаа и Катерина Клењоска и Давид Ќосески и се пласираа на 5то место.
Овие резултати се доказ дека ЏК Дрим Струга е несомнено еден од најуспешните спортски колективи!
Џудо клуб Дрим, Струга