Голем водач и законодавец на народот Израилски. Роден е во Египет, околу 1550 година пред Христа. Четириесет години живееше во Египет на дворецот на Фараонот, четириесет години живееше како пастир во созерцание на Бога и на светот, а последните четириесет години го водеше народот низ пустината во Ветената Земја, којашто ја виде, но не влезе во неа, бидејќи во едно Му згреши на Бога (4Мој. 20,12).
Се упокои во сто и дваесеттата година од својот живот. Како чудотворец, според зборовите на свети Василиј Велики, Мојсеј беше предобраз на Христа. Се јави на гората Тавор при Преображението на Господ.
А според сведоштвото на Свети Јован Лествичник, им се јавувал на монасите во Синајскиот манастир.
denovi.mk