Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (38) години од Скопје.
Тој, на катарстарска парцела во охридското село Љубаништа, без да поседува соодветна документација за градба издадена од надлежен државен орган, извршил изградба на објект од метална конструкција.
При извршен вонреден инспекциски надзор, овластен градежен инспектор при општина Охрид, констатирал дека пријавениот градежните зафати ги извршил без потребна документација во согласност со законот за градба.