СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (42) години од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување судска одлука“.
Тој, на 30.08.2023 околу 18.30 часот, во семејната куќа, физички ја нападнал неговата сопруга, со што постапил спротивно на решението од основниот суд во Охрид за изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство.