петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Охриѓанец се обидел да поткупи полициски службеници

На 10.09.2023 во 19.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода  лице на (59) од Охрид.
Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, а кои веднаш му биле вратени.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.