Рано утрово околу 5 часот избувна пожар во објект во центарот на Охрид.
Според првите не официјални информации гори објект во близина на плоштадот „Крушевска Република“ ( Кај Чинарот ).
Очевидци за Ohrid1.com сведочат дека најпрво се слушнал силен татнеж, а потоа избувнал оган во еден од објектите на уличката која од плоштадот кај стариот Чинар води кон пазарот.
Во моментов интервенира пожарната. Повеќе информации во текот на утрово.
https://www.youtube.com/watch?v=Zl35jaNAalQ