АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Пецаков: Позицијата на жената во современото македонско општество беше во фокусот на Втората глобална женска лидерска конференција „Јас Сум Жена“

Позицијата на жената во современото македонско општество беше во фокусот на Втората глобална женска лидерска конференција „Јас Сум Жена“, која во текот на изминатиот викенд се одржуваше во Охрид.
Дводневниот настан беше организиран од страна на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас сум Жена“ од Скопје, со кое раководи охриѓанката Ана Дукоска, како претседател. Во името на Општина Охрид на конференцијата активно учество зеде советничката Ана Крстеска.
Имав чест да остварам средба со организаторите на која ја поздравив иницијативата на настанот и дадов поддршка на целите на здружението. пишува во својата ФБ објава градоначалникот Пецаков.