Двајца полицајци во работно време кога требало да извршуваат работни задачи на граничниот премин кон Албанија, „Ќафасан“ физички се пресметувале на работно место, пред очите на луѓето кои чекале да ја поминат границата.
Во тепачката учествувале двајца полицајци кои меѓусебната нетрпеливост и недоразбирањата ги решавале со боксови и клоци, на самиот граничен премин, во делот каде е пасошката контрола.
На инцидентот сведочеле и нивните колеги од Албанија, кои работат во исти објекти, бидејќи пасошката контрола сега е интегрирана на една локација.
Случајот е превземен од внатрешната контрола на МВР која сега утврдува одговорност за инцидентот.