петок, ноември 15, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Авион на „Ер Србија“ натоварен со патници останал на пистата заради потенцијален дефект

Авионот на Ер Србија кој утрово требеше да полета кон Белград во 4 часот , во последен момент го откажал полетувањето заради сијаличка која сигнализирала потенцијален технички проблем на леталото.

На сајтот „Флајрадар 24“ стои дека нема информации за авионот кој требало да полета во 4 часот за Белград, но стои дека авион за Белград полетал во 12 часот и 20 минути.

„Авионот беше на пистата, почна да зема залет за да полета, и во еден момент наместо да полета, почна нагло да успорува. Застана некаде на крајот од пистата и потоа се врати назад.“ – раскажува патник од авионот кој утрово требало да полета за Белград.“

Потоа авионот се вратил кај терминалот и патниците биле известени дека треба да се симнат од авионот, по што видно исплашени почнале да го напуштиле леталото.

На аеродромот во Охрид денес слетале два авиони од Белград. Едниот во 2 часот и 10 минути , а вториот авион во 10 часот и 45 минути.

Од како сите безбедно слегле од авионот, им било кажано дека ќе се чека друг авион да дојде од Белград за да ги превезе до Србија.

Авионот долетал во Охрид и повторно полетал за Белград во 12 часот и 20 минути.

Бурни реакции и најава за тужби има од патници кои требало од Белград далетаат на други дестинации, а кои заради не полетувањето ги испуштиле авионите.